Forever Arctic Sea®
1.960,00 ден Original price was: 1.960,00 ден.1.862,00 денCurrent price is: 1.862,00 ден.120 гел капсули
Уникатната комбинација предложена единствено од Форевер Ливинг Продактс не само што содржи 33% повеќе од најкорисната помеѓу омега-3 киселините – ДХА, туку и идеално го балансира соодносот меѓу неа и ЕПА за оптимални резултати и дејство.
100% органско
• Идеален сооднос помеѓу омега-3 масните киселини за оптимален ефект.
• Пријатен и целосно природен цитрусен мирис.
• Производството не ја нарушува природната рамнотежа во океанот.
• Чист извор на ЕПА и ДХА.
Сигурен за конзумација
Новата патентирана формула е комбинација од масло од каламари кое е многу богато со ДХА, ултра чисто омега-3 рибино масло и маслиново масло.
Оваа уникатна комбинација се предлага единствено од Форевер Ливинг Продактс и не само што содржи 33% повеќе од најкорисната од омега-3 киселините - ДХА, туку и идеално го балансира соодносот на ДХА и ЕПА за оптимални резултати и дејство.
Што всушност нудиме
Кога станува збор за омега масните киселини, мнозина не знаат дека соодносот помеѓу нив е од решавачко значење. Балансираната исхрана во минатото придонесувала за здрав баланс помеѓу омега-3 и омега-6 киселините – од 1:1 до 1:4. За жал, во современата исхрана преовладуваат омега-6 масните киселини поради пржената храна, растителните масла, маргарините и модерните и удобни, но високо преработени и нездрави кулинарски производи. Малкумина внесуваат доволно риба и други извори на омега-3, што води до нездрав сооднос помеѓу двете групи кој достигнува до 1:30. Клучот за враќање на изгубениот баланс е консумирање на повеќе омега-3 масни киселини и ограничување на омега-6.
Усовршената формула на Forever Arctic Sea не само што го зголемува целосниот прием на омега-3, исто така обезбедува 33% повеќе ДХА за идеален баланс помеѓу неа и другата омега-3 киселина во производот – ЕПА. Докосахексаеноичната киселина (ДХА) е особено важна масна киселина за човечкото здравје, која природно ја има во целиот организам. Највисоки нејзини концентрации се во мозокот, очите и срцето. Исто како што калциумот е незаменлив за да имаме здрави коски, така и ДХА се грижи за клетките на мозокот, ретината, срцето и нервниот систем да се развиваат и правилно да функционираат во сите етапи од животот. Освен тоа, според истражувањата, внесувањето на ДХА е поврзано со намален ризик од влошување на умствените способности со напредување на возраста. Ниту една друга масна киселина не покажала слична врска.

Тежина |
120 гел капсули |
---|---|
Начин на употреба |
По две гел капсули три пати дневно со храна. |
Состојки |
Природно рибино масло, масло од каламари, маслиново масло, масло од лимон (природен аромат), масло од лимета (природен аромат), d-алфа токоферол. |


Достава низ цела Македонија
Нудиме брза и сигурна достава до сите градови и населени места во Македонија. Без разлика каде се наоѓате, нашиот тим ќе се погрижи вашите нарачки да стигнат на време и во совршена состојба. За нас е важно да го задоволиме секој наш клиент, затоа се трудиме да овозможиме лесен и удобен процес на купување и достава.
Преку нашата мрежа на доставни партнери, имате гаранција за брза и ефикасна услуга, која ги покрива сите региони во земјата.
Изберете не нас за вашата следна нарачка и уверете се во квалитетот на нашата услуга!
Критики
Нема критики сеуште.